Language switcher

Social

 

Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип

Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во ШтипНа 12 јуни 2020 година, во просториите на општина Штип се потпиша Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Коле транс од Штип за изведба на работите за проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип.

Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во ШтипСо реализацијата на овој проект ќе се изгради платформа над река Отиња која ќе служи за паркирање на возила. Со изградбата на платформата ќе се ослободат коловозните ленти на двете страни од реката кои сега служат за паркирање, а со самото тоа ќе се зголеми и протокот на сообраќај до Клиничка болница – Штип, Свр Штип, Основно и Вишо Јавно обвинителство, Основен и Апелационен суд и останати регионални институции.

Вредноста на договорот изнесува 17.749.311,00 денари од кои 9.000.000,00 денари се од средствата предвидени со Програмата за регионален развој за 2020 година, а остатокот од 8.749.311,00 денари се кофинансирање на оштина Штип.