На 05-ти октомври 2020 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за јавна набавка на работи за: „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица - Берово” согласно Договорот за реализација на инвестицискиот проект од Грантовата шема на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.
Фирмата која го доби тендерот за јавна набавка на работи е „Градежник Инг Доел увоз - извоз Берово“ во вкупна вредност од 7.371.597,57 денари со вклучен ДДВ.
Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Воедно, Центарот за развој на Источен плански регион ги започна градежните активностите за проектот „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица - Берово”.
Изведувачот „Градежник Инг Доел увоз - извоз Берово“ се очекува да го заврши проектот за околу 2 месеци.
Целта на проектот е реконструкција со адаптација на постоечкиот објект и доградба на помошна просторија (котлара) со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на 10 стари лица од регионот. Воедно грижа за старите и изнемоштени лица, како и прилагодување кон новите предлог законски мерки за заштита на стари лица.