Language switcher

  • English (UK)
  • Македонски

Social

 

-

  • Новости
    • Архива со новости
  • За нас
    • За центар
    • Организација и Тим
    • За регионот
    • Совет
    • Програма за развој на ИПР 2015-2019
  • Проекти
  • Документи
  • Тендери
  • Мултимедија
    • Видео
    • Фото албуми
  • Контакт

Breadcrumbs

    Вие сте на:
  • Почеток

Источниот плански регион го задржа првото место за својата транспаретност

Објавено: 02 Јули 2020
транспарентност

Како што објави USAID North Macedonia, Источниот плански регион го задржа првото место што го имаше и минатат година и остана лидер меѓу регионите според активната транспарентност со просечно исполнување на обврските од 68,3 %, што е дури и подобрување за 6,3 процентни поени за една година. Со значително подобрување на активната транспарентност две години по ред, Македонска Каменица изби на првото место во регионот, со високи 85,9% исполнетост на обврските од активната транспарентност.

Како се рангирани останатите општини од регионот дознајте на http://www.ccc.org.mk/images/stories/ia2020.pdf

Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип

Објавено: 17 Јуни 2020

Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во ШтипНа 12 јуни 2020 година, во просториите на општина Штип се потпиша Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Коле транс од Штип за изведба на работите за проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип.

Повеќе...

Потпишување на договор за изведба за проект „Културен мост низ вековите“ за јавен повик „Конзервација и реставрација на црква „Св.Власие“ - Археолошки локалитет Штип

Објавено: 04 Јуни 2020

\Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ се реализира од страна на Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија.

Повеќе...

Започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во Виница

Објавено: 14 Мај 2020

Центарот за развој на Источен плански регион и надзорниот инженер од МЦ-Инженеринг од Виница на 13 мај 2020 година го воведоа во работа изведувачот Техника ДООЕЛ Радовиш, со што и официјално започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во општина Виница.

Повеќе...

Потпишан договор за „Реконструкција на културен дом „Тошо Арсов“ во општина Виница“

Објавено: 06 Мај 2020

На 05 мај 2020 година се потпиша договорот за изведба на работите за „Реконструкција на културен дом „Тошо Арсов“ во општина Виница, помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и изведувачот Техника ДООЕЛ Радовиш.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад

Објавено: 24 Април 2020

Центарот за развој на Источен плански регион, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19 и 275/19)  и Одлуката за давање на согласност на одлуката за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад, донесена од Претседателот на Советот за развој на Источен плански регион, бр.02-165/2 од 22.04.2020 година, а во согласност со член 72 став 3 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РМ“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на РСМ“ бр. 31/20) објавува јавен повик за избор на  правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движната ствар предмет на јавниот повик - остатоци од патничко моторно возило, учесник во сообраќајна несреќа и истите да ги транспортира и третира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во кругот на филтер станицата на ЈП Исар,  населба Баби – Штип .

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои ги исполнуваат условите утврдени во Инструкциите за јавниот повик.

Подетални информации  за предметот на јавниот повик може да се добијат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот од лицето Емил Василев – Координатор за регионален развој, телефон 078/474-125, електронска пошта emil.vasilev@eаstregion.mk.

Лице за контакт во врска со јавниот повик е Силвана Благонова – Координатор за нормативна дејност, јавни набавки, финансиски и општи работи, телефон 078/439545, електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Подетални информации за движните ствари, како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се преземе електронски, преку следниот линкови:

  • Пријава за учество - преземи тука
  • Инструкции по Јавен повик за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад - преземи тука.
  • Извештај за проценка на вредност на возило Шкода Фабија ШТ-566-БО - преземи тука

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 08.05.2020 година до 14:00 часот.

Комисија за движни и недвижни ствари
Претседател
Емил Василев

Завршен проектот „Изградба на Етно парк – Зрновци фаза 2“

Објавено: 10 Април 2020

Центарот за развој на Источен плански регион заврши со имплементација на активностите за  реализација на проектот "Изградба на етно парк Зрновци фаза II" финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.

Средствата за реализација на овој проект се во висина од околу 3.600.000,00 денари и се обезбедени од Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој со дополнително кофинансирање од Општина Зрновци.

  

Јавен повик за набавка на услуги за „Подготовка на материјали за промоција на Источен плански регион како дестинација за еко туризам“

Објавено: 28 Февруари 2020

                    

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ, со предмет:

„Подготовка на материјали за промоција на Источен плански регион како дестинација за еко туризам“

Референтен број  05-82/5/2020

Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 18.03.2020 година до 15:00 часот, адресирани до ЦРИПР. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).

Заинтересираните компании може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 11.03.2020 година.

Програмската активност „Подготовка на материјали за промоција на Источен плански регион како дестинација за еко туризам“ се реализира во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Тендерската документација за јавниот повик може да ја преземете на следниот линк.

Резултати од успешно реализираниот проект “Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН” CB006.1.11.038

Објавено: 25 Февруари 2020

Во периодот октомври 2016 - октомври 2018 година, Центарот за развој на Источен плански регион го реализираше проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Целта на проектот беше преку заеднички напори да се даде придонес во подигање на свеста кај населението во сите сфери, за важноста на климатските промени и подобрување на животната средина преку намалување на емисиите на стакленички гасови. Во текот на реализација на проектот низ серија на најразлични и атрактивни активности се даде придонес во стекнување на нови знаења за успешно искористување, зачувување и управување со природните ресурси а со тоа и подобрување на целокупниот квалитет на живот на населението во прекуграничниот регион.

Повеќе...

Повеќе артикли...

  1. Увид во градежни работи за проект „Изградба на Етно парк – Зрновци фаза 2“
  2. Втора форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 13.02.2020 (четврток) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“
  3. Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 06.02.2020 (четврток) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“
  4. Конзервација и реставрација на црквата „Свети Власие“ Археолошки локалитет ИСАР-Штип
  5. Работилница за предлог концепти за иновативен проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Страница 2 од 4

  • Почеток
  • Пред
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • Следно
  • Крај

Search for ...


Напредно барање

Нашето заедничко минато - патека за заедничка иднина (2)

Културен мост низ вековите

Заштитено културно наследство

ВИДЕО ДЕСНО

Мобилна апликација: Стари вековни дрвја во Малеш и Пијанец

Разгледница

  • Штип
    Штип

    Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј

  • Беровско езеро
    Беровско езеро
  • Пехчевски водопад
    Пехчевски водопад
  • Македонска Каменица
    Македонска Каменица

    Езеро Калиманци

  • Карбинци
    Карбинци

    Антички град Баргала

  • Делчево
    Делчево

    Локалитет Кукуље

  • Зрновци
    Зрновци

    Мородвиш

  • Чешиново-Облешево
    Чешиново-Облешево

    Традиционална жетва на ориз

  • Кочани
    Кочани

    Пониква

  • Пробиштип
    Пробиштип

    Манастир Св. Гаврил Лесновски

  • Виница
    Виница

    Археолошки локалитет Виничко Кале

Previous Next Play Pause

Тековни тендери

  • Изработка на Водич за инвестиции во Источен плански регион
  • Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на Проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

БАНЕРИ НАСЛОВНА

baneri mali (2)

baneri mali

 

 

Контакт

© 2014-2016 Центар за развој на Источен плански регион (ЦРИПР)
Контакт адреса: ул. Ванчо Прке 119, 2 кат,  2000 Штип, Република Македонија | тел.:+389 2 32 386 408, 386 412, факс.: +389 32 386 409
  • Новости
    • Архива со новости
  • За нас
    • За центар
    • Организација и Тим
    • За регионот
    • Совет
    • Програма за развој на ИПР 2015-2019
  • Проекти
  • Документи
  • Тендери
  • Мултимедија
    • Видео
    • Фото албуми
  • Контакт