Language switcher

Social

 

На 15 март 2011 година Министерството за економија во соработка со Министерството за локална самоуправа одржа состанок за: Kонсултации за подготовка на ТОР за ИПА проектот „Градење на капацитетите за имплементација за индустриската политика“. Состанокот се одржа во Министерството за економија.  Имено, Министерството за економија поднесе апликација за ИПА проектот кој е прифатен и има за цел да ја поддржи инплементацијата на проактивна индустриска политика во сите фази и области на интервенција преку две компоненти:

- Компонента 1: Јакнење на институционалните капацитети за имплементација, евалуација и ревизија на проактивната индустриска политика.
- Компонента 2: Креирање на програми за имплементација на следните четири приоритетни области од индустриската политика (i) зголемување на иновативноста (ii) нови еко технологии производи и услуги за одржлив развој, (iii) забрзување на бизнис партнерството и интернационализацијата и (iv) олеснување на процесот на дијалог со бизнис заедницата.