Language switcher

Social

 

Центарот за развој на Источен плански регион на 19 и 20 февруари 2014 година во општина Гоце Делчев Р. Бугарија одржа  првата работна средба од проектот “Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион”.

Овој проект е одобрен за финансирање на третиот повик од (ИПА) Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р. Македонија. Водечки партнер во проектот е Центарот за развој на Источен плански регион од Р. Македонија додека Општинскиот културен  центар “Петко Рашев Славеиков-1938” Брезница, општина Гоце Делчев, Р. Бугарија е парнерска организација.

Проектот е инфраструктурен, со буџет од 448.840,00 еур, од кои 297.540,29 еур се средства одобрени од ЕУ фондовите (ИПА) Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р. Македонија.

На работната средба покрај претставниците од проектните тимови присуствуваше и Градоначалникот на општина Гоце Делчев Г-дин Владимир Москов и заменик градоначалникот Г-дин Валери Сарандев, како и  Градоначалникот на Брезница Г-дин Иса Мустафа Сакали.

На работната средба е дефинирана временската динамика за имплементација на активностите во рамките на проектот и утврден терминот за одржување на двете прес конференцијии за промоција на проектот.