Language switcher

Social

 

alt

 

XVII (седумнаесеттото) Регионалното Собрание на Градоначалници од Брегалничко - Струмичкиот Регион поддржано од GTZ RED  се одржа на 28.09.2009 година во Пехчево. На Собранието беа присутни 20 Градоначалници од двата региона, претставници од Министерството за локална самоуправа, вработените во Центрите во Источниот и Југоисточниот плански регион, претставници на GTZ RED. Гости на Собранието беа Градоначалниците на општините Брвеница, Теарце, Боговиње, Македонски Брод и Вевчани, од другите плански региони. 

 Седницата на XVII (седумнаесеттото) Регионално Собрание на Градоначалници одalt „Брегалничко - Струмичкиот Регион” се одвиваше по однапред утврден дневен ред.На Собранието беше усвоен записникот од XVI (шеснаесеттото) Регионално Собрание на Градоначалници од „Брегалничко - Струмичкиот Регион”, по што следуваше Извештај од студиското патување на Градоначалниците во Германија со резиме на позитивни примери. Потоа гостинот од Германија г-дин Uwe Krappitz ги предаде Сертификатите на Градоначалниците кои ги додели InWEnt и зборуваше за различните можности за финансирање на регионалниот развој. На регионалното Собрание стана збор и за следни регионални активности кои се планираат и се очекува да се реализираат во наредниот период. Центарот за развој на Источен плански регион презентираше 4 (четири) регионални предлог проекти додека Југоисточниот 3 (три) од кои треба да се избере по еден за финансирање и имплементирање (50 % средствата се обезбедени од GTZ RED и 50 % од Центрите). Очд страна на Центарот за развој на Источен плански регион беа предложени следниве проекти :
1.    Модернизација на регионален сточен пазар во с. Облешево;
2.    Формирање на центар за производство на овошен сертифициран саден материјал;
3.    Плачковица – мост помеѓу регионите;
4.    Збогатување на туристичките содржини и капацитети во Источниот плански регион
alt

 

Откако заврши Собранието, се одржа ревијален фудбалски натпревар помеѓу Гредоначалниците од двата региона. Натпреварот беше доста интересен и возбудлив при што Градоначалниците од Источниот плански регион покажаа поголемо фудбалско знаење и победија со резултат 3:0.