Language switcher

Social

 

Согласно Одлука на Владата на Република Македонија бр. 19-6333/1 од 15 декември 2009 година за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2009 година. ( Службен весник на Република Македонија бр.150 од 17 Декември 2009 година) и Договорот за реализација на проекти во Источен плански регион склучен помеѓу МЛС – БРР и Центарот за развој на Источен плански регион од 18.12. 2009 година, во партнерство со засегнатите општини од регионот, Центарот во 2010 и 2011 година ги реализираше следните проекти:

  • -       Изградба на еко патека за поврзување на с.Лесново општина Пробиштип и с.Пантелеј општина Кочани;
  • -       Изработка на Физибилити Студија за изградба на мини акумулација на река Косевичка;
  • -       Сигнализација и сигналитика на туристичките локалитети во микрорегионот Пијанец – Малеш;
  • -       Изработка на Физибилити Студија со идејни решенија за изградба на мали акумулации во месноста Арамиска чешма;
  • -       Асфалтирање на патен правец с.Пантелеј - с. Рајчани,  општина Кочани со поврзување на с.Турско Рударе, општина Пробиштип;
  • -       Изградба на колекторски систем во с.Мирашинци, Општина Берово I (прва) фаза.

Првите  4(четири) проекта се целосно завршени додека проектите под реден број 5 (пет) и 6 (шест) се во завршна фаза на реализација и нивното финализирање се очекува до крајот на месец Јуни 2011 година.

 

 

                   alt