Language switcher

Social

 

На 25 март 2011 година во општина Пехчево се одржа состанок во врска со Проектот  „The Balkan Velo Trail – BVT-13”, на кој се дискутираше за идните активности кои треба да бидат превземени од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион и партнерските општини  за претстојната работилница која ќе се одржи во Сандански-Р.Бугарија. Центарот за развој на Источниот плански регион во овој Проект се јавува како партнер заедно со  Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Целта на Проектот е да се дефинира  велосипедската патека во рамките на  „Патеката на железната завеса“, во пограничните  региони од Р.Македонија, Р.Бугарија, Р. Грција и Р.Романија. Патеката влегува во Р. Македонија низ граничниот премин кај Делчево,  продолжува преку низински предел кон  Пехчево и Берово,  потоа продолжува кон Струмица за на крај преку Босилево да премине во општина  Ново Село и излезе од  Македонија на истоимениот граничен премин. Дефинирањето на патеката подразбира не само нејзино обележување ( во оваа почетна фаза мапирање) туку и назначување на сите карактеристични и значајни туристички и археолошки локалитети и знаменитости, природни убавини и историски знаменитости, традиционални обележија и се она што би претставувало интерес за секој велосипедист-турист. Овој проект е само почеток во проектите кој ке следат, поврзани со  развојот на алтернативниот туризам во Европа и светот.