Language switcher

Social

 


altНа 12 јуни 2009 година во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа Конференција на тема: „Улогата на жената во правната и економската реформа во Македонија”,заеднички организирана од Германското друштво за техничка соработка – ГТЗ, Здружението на правници на Македонија и Регионалните центри за развој на Источниот, Југоисточниот и Полошкиот регион.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 жени од различни сектори со цел размена на искуства и презентација на успешни примери од процесот на правна и економска реформа, при што се нагласи потребата за зајакнување на улогата на жената во македонското општество.

 

Конференцијата со свои поздравни говори ја отворија:alt
 
  • Г-а. Улрике Мариа Кнотц, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија;
  • Г-а. Вибке Отенбрајт, заменик Директор на ГТЗ за Република Македонија
  • Г-а. Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура на Република Македонија
 Националната правна рамка за полови еднакви можности и клаузула за недискриминација ја претставија:
 
  •   Г-а. Лидија Димова, извршен директор на Македонскиот центар за европска обука која зборуваше на тема: “Какао го постигнува тоа Европската унија“
  •   Г-а. Савка Тодоровска претставник на Национален совет на жени на Република Македонија – СОЖМ која ја претстави Фактичката сoстојба на жената во Македонија
 За Улогата на жената во економско-правната реформа говореа:
  • Г-а. Анета Арнаудовска, Директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија која ја презентираше темата: „Судиите и јавните обвинители жени гаранти на независноста и непристрасноста на постапката“
  • Г-а. Маријана Лончар-Велкова, Претседател на Организацијата на потрошувачи на Република Македонија која ја истакна:Улогата на жената во основањето и функционирањето на Организацијата на потрошувачи на Македонија
  • Г-а. Лилјана Цековска, Извршен директор на Здружението на правници на Македонија која говореше на тема: Жената во бизнисот-реалност и потреба
  • Проф. д-р Маре Зарезанкова-Потевска, ФОН Универзитет, која имаше излагање на тема:Македонската жена и претприемништвото
 
altКако завршна тема на конференцијата беше “Улогата на жената во економијата во Република Македонија“ на која свое излагање за тоа како успеале во својот бизнис дадоа:
  • Г-а . Мимоза Тачи – Sun and star”,Тетово„Мисли позитивно“;
  • Г-а. Дивна Јованова, индивидуален зeмјоделец „Дивна“ Кочани„Со македонска јагода до европска трпеза“;
  • Г-а. Ленче Литајковска - сопственик на КОБРА телевизија, Радовиш – „Верувам во ангелот“;
  • Г-а. Сузана Наумоска, ДООЕЛ спа „Изида“, Охрид, „Креативноста отвара свет на неограничени можности“; и
  • Г-а. Олгица Илоска, менаџер и главен координатор на АД Инекс Горица, Охрид Секој голем успех е триумф на упорноста”.