Language switcher

Social

 

На 08 јули 2014  година, во деловните простории на Друштвото за Еколошки консалтингДЕКОНС-ЕМА во Скопје се одржа Прв Работен Состанок со експертскиот тим за отпочнување со изработка на “Анализата на недостатоците во еколошките податоци и карта на еколошката чувствителност за подрачјето на сливот на река Брегалница”.

Овој проект е една од активностите што Центарот за развој на Источниот плански регион, како стратешки партнер и ФАРМАХЕМ од Скопје, како локален координатор ја спроведуваат од  проектот: “Програма за зачувување на природата во Македонија”, кој што се имплементира во Источниот плански регион (2013-2016), а е финансиран од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка –SDC(Swiss Agency for Development and Cooperation).

Главна цел на оваа Програма е да  се даде поддршка на Република Македонија (Брегалничкиот регион) во зачувувањето на биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо управување и искористување.

Анализата на недостатоците во еколошките податоци и картата на еколошката чувствителност за подрачјето на сливот на река Брегалница-ГАП-Анализата, е  основа за изработка на Просторниот план на Источниот плански регион. Просторен план кој ке биде изработен од страна на Агенцијата за просторно планирање, при Министерството за животна средина и просторно планирањена е прв план од ваков тип во Република Македонија кој во основа ќе ја има биолошката разновидносна на регионот.

Временската рамка за изработка на ГАП-Анализата е 18 (осумнаесет) месеци со буџет од 230.000,00 еур.