Language switcher

Social

 

На 8тm Декември во Словачката канцеларија за истражување и развој во Брисел, се оддржа последниот работен состанок со проектните партнери од проектот PPP4Broadbend. Покрај партнерските институции/организации, на работната средба присувствуваше и Роберта Калцина, Проектен менаџер во Заедничкиот технички секретаријат од Програмата за Југоисточна Европа, која го презентираше раководењето на проектот. 

Резултатите во однос на работните пакети од проектот во најголем дел се остварени, останува до крајот на годината да се распишат јавните набавки за ЈПП, по претходно адаптирани модели на ЈПП за широкопојасен интернет во пилот општините: Македонска Каменица – Македонија, Алба Јулија – Романија и Патра – Грција.

На крајот од работниот состанок се потпиша договор за соработка помеѓу партнерите во проектот, со кој се обврзаа за промоција и популаризција на изработените 9 модели на ЈПП за справување на широкопојасниот јаз применливи во руралните средини ширум Југоисточна Европа.