Language switcher

Social

 

На 11 февруари 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за изработка на „Водич за инвестиции во Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и УНДП.

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, како и врз основа на Програмата на Владата на Р. Македонија за рамномерен регионален развој во 2014 година, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, формирани се Бизнис Центри за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на постојните центри за развој на планските региони. Ваков Центар е формиран и во Источниот плански регион кој треба да ги надополни постојните услуги насочени кон Бизнис секторот во квалитет–целисходност, - применливост– зголемено мени на услуги и опфат на корисници.

Фирмата која ќе го работи „Водичот за инвестиции во Источен плански регион“ е Друштво за консалтинг и услуги Gestalt Solutions DOO Штип.

Главна цел на проектната активност е подобрување на пристапот до податоци и релевантни информации за потенцијални локации, целосна претстава за регионот и промоција на потенцијалите и можностите за инвестирање и привлекување на „greenfield” и „brownfield” инвестиции, податоци за индустриски и економски зони и нивни карактеристики преку добро организирано мапирање на достапните локации, субјекти и објекти, со цел планирано привлекување на домашни и странски инвестиции во конкретни индустрии.

Покрај главната цел, други цели што треба да се постигнат се: идентификација и истакнување на компаративните предности на планскиот регион, подобро позиционирање на планскиот регион за потенцијални домашни и странски инвеститори во однос на другите региони од Р. Македонија како и стратешко презентирање на сите предности на планскиот регион во функција на привлекување на домашни и странски инвеститори.

Водичот за инвестиции во  ИПР треба да биде насочен кон подобрување на пристапот до информации за потенцијалните инвеститори, бизнис заедницата, општините и останатите засегнати страни.

Водичот за инвестиции во Источен плански регион во себе ќе содржи: општ дел, збирка на индустриски /  економски зони и мапа на индустриски зони во ИПР.