Language switcher

Social

 

Во кабинетот на Градоначалникот на општина Штип прим. Мр. Илчо Захариев на 23 февруари 2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша договорот за градежни работи, односно изградба на Мултимедијален центар со градежната компанија Актива – Штип.  Оваа активност е дел од проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-CREATIVA“ финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија за периодот 2007-2013. Партнер во проектот е општина Гоце Делчев од Р.Бугарија. Вкупната вредност на проектот изнесува 484.302,14евра, од кои 186.761,00евра се средства со кои општина Штип учествува во кофинансирање на проектот, т.е изградбата на мултимедијалниот центар.

Мултимедијален центар ќе се гради на местото на старото летното кино, кое претставува грда слика за градот односно истото е целосно руинирано и не е во функција повеќе од 10 години. Градежните активности треба да завршат до средината на месец ноември 2015 година, а до крајот на годината  мултимедијалниот центар биде ставен во употреба.

Новиот,современ мултимедијален центар ќе овозможи спроведување на манифестации од различни области на културата и уметноста од организации, институци и интелектуалци  од прекуграничниот регион. 

 
Во просториите на мулти-
медијалниот центар ќе биде сместен и кластерот за Креативна Индустрија кој е во фаза на формирање и во кој ќе  членуваат и компании од прекуграничниот регион и заеднички ќе креираат нови креативни идеи.