Language switcher

Social

 

На 27 февруари 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и УНДП.

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, како и врз основа на Програмата на Владата на Р. Македонија за рамномерен регионален развој во 2014 година, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, формирани се Бизнис Центри за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на постојните центри за развој на планските региони. Ваков Центар е формиран и во Источниот плански регион кој треба да ги надополни постојните услуги насочени кон Бизнис секторот во квалитет–целисходност, - применливост– зголемено мени на услуги и опфат на корисници.

Фирмата која ќе работи Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ е Друштвото за консалтинг и услуги Knowledge Center DOOEL- Скопје. 

Во насока на реализирање на оваа цел, значајна активност во рамките на  проектот е: „Организирање на настани и одржување на советодавни информативни средби со засегнатите страни / бизнис секторот во Источен плански регион”.

Еден од начините за остварување на оваа цел е организирање  на  настани и  советодавни информативни средби со засегнатите страни / бизнис секторот за презентација на приоритетите и целите од Стратегијата за регионален развој на Република Македонија, Програмата за развој на  Планскиот регион,  можните области за инвестициони вложувања, националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој, програмите за соработка со странски партнери, програмите за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија, расположливи оперативни програми, потоа домашни и странски извори за финансирање, информации за грантови, кредитни линии, фондови и друга финансиска поддршка, субвенции и сл.  како и за совладување на чекорите како на најбрз и успешен начин да се дојде до потребните финансии од различни извори, како и други значајни информации  за поддршка на бизнис заедницата.

Организирањето на ваков тип на настани и советодавни - информативни средби е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е. малите и средни претпријатија трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

Во рамките на Договорот треба да реализираат 4 (четири) информативни средби, 2 (два) промотивни настани и 1 (еден) завршен настан за промоција на проектните резултати.