Соопштенија од седници на Советот

Во прилог ги поместуваме информациите од одржаните седници на регионалниот совет.
За повеќе информации контактирајте не.

Одржана XVIII-та Седница на Совет за развој на Источен плански регион

На 27.11.2020 година (петок) се одржа осумнаесеттата (XVIII) Седница на Советот за развој на Источен плански регион, која поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19, се спроведе он-лајн преку виртуелната платформа Zoom.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Источниот плански регион, Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Рамиз Реџепи, претставници од Бирото за регионален развој и претставници од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Повеќе...