Language switcher

Social

 

Центарот за развој на Источен плански регион потпиша договор за поставување на Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот, со што до крајот на Ноември месец 2020 ќе биде поставена по една станица во секоја општина во ИПР. Проектот е со вредност од 2.169.00,00 денари преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

По поставувањето на станиците ќе следува и информативната кампања за употреба на агрометеоролошките станици и константно информирање на земјоделците ќе се реализира преку :

  • Информативни презентации- во секоја општина откако ќе се постават; станиците.
  • Информативна презентација- во текот на сезоната откако ќе се пуштат во работа моделите за прогноза на болести
  • Спонзорирани реклами на социјалните мрежи;
  • Мобилна апликација на македонски јазик;
  • Веб платформа достапна за сите земјоделци;