На 23 април 2014 година, во Скопје, се одржа вторa средба на Заедничката работна група (ЗРГ) за подготовка на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020 година.

Главна тема на средбата беше презентација  на Стратегијата на Програмата и преглед и разгледување и одобрување на тематските  приоритети.

После повеќечасовната расправа и дискусии по рангираните приоритети од  информативните средби беа избрани следните 3 (три) приоритети:

ТП 2. Заштита на животната средина, промовирање, адаптација кон климатските промени и намалување, спречување и управување на ризикот;

ТП 4. Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство;

ТП 7. Зголемување на конкурентноста, деловното опкружување и развој на малите и средни претпријатија, трговијата и инвестициите.

Посебен акцент беше ставен на потребата  да се стимулира учеството на младите луѓе од трансграничниот регион во реализирањето на  избраните приоритети.