На 27.08.2014 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион се одржа работен состанок помеѓу претставниците на партнерите во проектот Helvetas Swiss Intercooperationод Берн, Швајцарија, Фармахем од Скопје и Центарот за развој на Источен плански регион.

На работниот состанок беше претставен новиот тим лидер од Helvetas Swiss Intercooperation Д-р Zora L. Urechкоја од средината на месец октомври 2014 година ќе го замени досегашниот тимлидер г-дин Thomas Stadtmüller кој заминува во пензија.

На д-р Zora L. Urech,  од страна на Раководителот    беше претставен Центарот за развој на Источен плански регион, неговата организација и тим,  како и улогата во Проектот. Исто така беа претставени и резултатите постигнати во досегашниот период  во спроведувањето на проектот.

На состанокот се разговараше и за активности кои што треба да се преземат  за реализација на планираните проектни активности до крајот на тековната година како и за активностите во идниот период.