На ден 03.12.2020 година се одржа финалната конференција за изработка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2020-2024 која се одржа онлајн на виртуелната платформа ZOOM со почеток во 11.00ч. На средбата учестуваа 50 учесници: Градоначалници - членови на Советот за развој на Источен плански регион, вработени во Центарот за развој на Источен плански регион, претставници на Министерство за локална самоуправа, Биро за Регионален Развој и други министерства, донаторската заедница, засегнати страни од Источен плански регион (претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор), и др.
Цел на Финалната конференција беше презентирање на Програмата за развој на Источен плански регион 2020 - 2024 и прибирање на забелешки, предлози и коментари.
Процесот на изготвување на Програмата за развој на Источниот плански регион е поддржан од Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со поддршка на швајцарската Агенција за развој и соработка во Македонија.