Language switcher

Social

 

altНа 17 септември 2010 година (петок), во општина Кочани (Осоговски планини, туристички комплекс “Пониква”),  со почеток во 14:00 часот се оддржа четиринаесеттата (XIV) Седница на Советот за развој на Источниот плански регион. Пред почетокот на седницата Претседателот на Советот и Градоначалник на Општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски, присутните ги покани на свчено отварање на нови простории за едношалтерски систем во општинската зграда на Општина Кочани.

Седницата беше со следниот дневен ред:

  1. Усвојување на записникот од XIII-тата Седница на Советот за развој на Источен плански регион;
  2. Усвојување на Студијата за искористување на потенцијалите на биомасата за производство на енергија во Источниот плански регион;
  3. Информација во врска со отпочнатиот проект за интегрално управување со цврст отпад – д-р Денис Жерновски;
  4. Информација за реализирани активности на Центарот за развој на Источниот плански регион за периодот јануари-август 2010 година (доставен до Влада на РМ,  Секретаријатот за европски прашања);
  5. Информација за реализацијата на Проектот “Интегрирана туристичка    понуда долж ICT – Патека на железната завеса”;