Финалната конференција за изработка на Програмата за развој на Источен плански регион 2020-2024, на 03.12.2020 година
На ден 03.12.2020 година се одржа финалната конференција за изработка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2020-2024 која се одржа онлајн на виртуелната платформа ZOOM со почеток во 11.00ч. На средбата учестуваа 50 учесници: Градоначалници - членови на Советот за развој на Источен плански регион, вработени во Центарот за развој на Источен плански регион, претставници на Министерство за локална самоуправа, Биро за Регионален Развој и други министерства, донаторската заедница, засегнати страни од Источен плански регион (претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор), и др.

На 27.11.2020 година (петок) се одржа осумнаесеттата (XVIII) Седница на Советот за развој на Источен плански регион, која поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19, се спроведе он-лајн преку виртуелната платформа Zoom.
На 05-ти октомври 2020 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за јавна набавка на работи за: „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица - Берово” согласно Договорот за реализација на инвестицискиот проект од Грантовата шема на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.
Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион, организира обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици на ден 23.09.2020 година (среда) во х. Изгрев Штип.
Во Кочани, Виница и Зрновци беа поставени првите агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во Источен пласки регион.
Центарот за развој на Источен плански регион потпиша договор за поставување на Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот, со што до крајот на Ноември месец 2020 ќе биде поставена по една станица во секоја општина во ИПР. Проектот е со вредност од 2.169.00,00 денари преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
На 04 јуни 2020 година (четврток) во општина Пехчево се потпиша Договорот за Партерно уредување со поставување на урбана опрема на Црнодолски водопади - Општина Пехчево во рамки на проектот “Збогатување на туристичката понуда со партерно уредување на урбана опрема на Црнодолски водопади”, помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион, фирмата Изведувач на градежните работи ДППГТУ КОП Инженерин ДООЕЛ Скопје и Општина Пехчево.
Во тек се градежните активности во рамки на проектот “Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци”, проектот е со вкупна вредност од 14.959.084,15 денари и се реализира со финансиски средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ко-финансирање од општина Карбинци и истиот го имплементира Центарот за развој на Источен палнски регион, Штип.
Центарот за развој на Источен плански регион ги започна градежните активностите за конзервација на црквата „Св. Власие“ на тврдината Исар во Штип во рамките на проектот: „Културен мост низ вековите“.