Language switcher

Social

 

За нас - Центар

Центар за развој на Источен плански регион (ЦРИПР)

Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) е формиран согласно Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2008 година. Седиштето на  Центарот  е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, општина Штип.

Центарот за развој на Источен плански регион вклучува (покрива) 11 општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип, се простира на територија од 3537км2 т.е. зафаќа 14% од територијата на Република Македонија и има 181.858 жители.

Центарот,  е правен субјект кој учествува  во планирањето на регионалниот развој, спроведување на планските документи за регионален развој и е задолжен за вршење на стручните и административно-техничките работи на Советот за развој на планскиот регион. Тој е посветен на јакнење на меѓуопштинската соработка и промоција на развојните можности на регионот, соработува со општините во регионот и им помага во обезбедување на стручна и техничка помош при подготовка  на нивните Програми за развој, како и на Здруженија на граѓани при подготовка на проекти од областа на регионалниот развој. Неговата основна задача е јакнење на капацитетите на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење.

Зачувувањето и развивањето на посебниот идентитет на планскиот регион, неговата афирмација и развој е  визија и цел на Центарот за развој на Источниот плански регион.