Language switcher

Social

 

Отворање на Туристичко информативен центар „Пониква“

На 29 септември 2018 година, во рамки на манифестацијата „Денови на оризот“ во општина Кочани, и официјално започна со работа туристичкиот информативен центар „Пониква“.

Главната цел на туристичкиот информативен центар е да нуди што поголема достапност на информации за локалитетот и за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, но и да промовира зачувана и унапредена животна средина, одржливо користење на енергијата, развој на различни видови туризам, како и да ги зајакнува институционалните и човечките капацитети за развој на туризмот во целиот Источен регион.

Проектот е реализиран во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка и Владата на Швајцарија.

На свеченото отворање на туристичкиот информативен центар „Пониква“ присуствуваа амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија н.е. г-дин Самуил Жбогар, заменик амбасадорот на Швајцарија г-дин Стефане Томажијан, министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Љупчо Николовски и директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи.