Language switcher

Social

 

Потпишан Договор за „Истражувања и подготовка на досие за апликација на геопарк Лесново за членство во Глобалната мрежа на геопаркови при УНЕСКО“

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија во рамки на номинацијата на Геопарк Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

На 23 јануари 2019 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се потпиша договор за истражување и подготовка на досието за аплицирање на Лесново за членство во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во својот експертски тим вклучува и експерти од Природно-математичкиот факултет од Скопје и МАНУ сѐ со цел подготовка на што поквалитетна апликација и во текот на октомври-ноември 2019 година преку официјалниот канал за комуникација ќе се поднесе апликацијата до Советот за геопаркови на УНЕСКО.

Во рамки на оваа програмска активност, во соработка со општина Пробиштип и општина Кратово се предвидува и изведување на инфраструктурни проекти кои заедно со богатото геолошко наследство и културните традиции во регионот ќе придонесат кон прогласувањето на Лесново за прв геопарк во Република Македонија.