Language switcher

Social

 

Потпишан договор за реализација на проект „Изградба на дел од ул. „1“ во Индустриска зона „Чуката“ во Пехчево“

На 22 март 2019 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Стоименов ДОО Кочани за реализација на проектот „Изградба на дел од ул. „1“ во Индустриска зона „Чуката“ во Пехчево“.

Договорот за реализацијата на проектот во општина Пехчево, раководителот на Центарот го потпиша во присуство на градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски.

Проектот ќе се реализира со финансиски средства обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година благодарение на заштедите од електронските аукции на национално ниво, како и со дополнително кофинансирање од страна на Општина Пехчево.

Реализацијата на проектот се очекува да се заврши заклучно до месец август 2019 година.