Language switcher

Social

 

Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Општина Чешиново-Облешево продолжува со спроведување на активности преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Преку реализацијата на проектот „Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево“ доуреден е постојниот парк на белиот штрк во с. Чешиново со урбана опрема, инфо-куќички и набљудувачници за птици, детски забавни реквизити и макета на белиот штрк, а комплетно новите површини со истите содржини во с. Соколарци се во финална фаза на реализација.

Реализацијата на сите предвидени активности во рамки на проектот се финансирани од страна Швајцарската агенција за развој и соработка и кофинансирање од страна на Општина Чешиново-Облешево и се во висина од околу 10 милиони денари.

Уредените паркови површини во с. Чешиново беа промовирани за време на 16-тиот состанок на мрежата на Европски села на штркови, дводневен настан во организација на Општина Чешиново-Облешево каде учество земаа претставници од 15 земји-членки на мрежата.