Language switcher

Social

 

Источниот плански регион беше домаќин на Делегација од Република Словенија

Во Периодот од 26-29.08.2019 година, делегација од Општина Жалец и Развојната агенција Савиња го посетија Источниот плански регион. Целта на посетата беше взаемно промовирање на меѓународните пријателски, професионални и стручни односи помеѓу двата региона како и да се прошири досегашната соработката помеѓу општините кои припаѓаат на регионите, институциите, бизнис секторот, граганските организации итн. 

На 27.08.2019 година во Туристичко информативниот центар Пониква се одржа работна средба помегу Делегацијата од Република Словенија и Градоначалниците од Источниот плански регион. На работната средба присуствуваше и заменик Министерот за Локална самоуправа г-дин Дејан Павлевски. Работната средба заврши со потпишување на Договор за соработка помеѓу Центар за развој на Источен плански регион и Развојната агенција Савиња. Предмет на Договорот е да се создадат услови за двете институции, општините кои припаѓаат на регионите, бизнис секторот, организациите, друштвата (заедниците) и граѓаните од партнерските општини да се запознаат со историјата, сегашните и идните планови за општествениот живот, култура, спорт, патување и претприемништво кое би го користеле во заедничкиот развој. 

Делегацијата од Република Словенија покрај посетата на општините Кочани, Виница, Карбинци и Штип каде беа примени од Градоначалниците, посетија и одредени индустриски капацитети во овие општини како можност за идна бизнис соработка помеѓу Македонски и Словенечки компании. 

Една област за соработка секако е и културното и историското наследство така да гостите имаа можност да го посетат Археолошкиот локалитет Баргала.