Language switcher

Social

 

Потпишување на договор за изведба за проект „Културен мост низ вековите“ за јавен повик „Конзервација и реставрација на црква „Св.Власие“ - Археолошки локалитет Штип

\Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ се реализира од страна на Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија.

 

Проектот „Културен мост низ вековите“ предвидува голем број на активности и градежни работи и се реализира во период од 24 месеци во соработка со Народното Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, Република Бугарија, со вкупен буџет од 406.222,44 евра од кои 185.187,62 евра за Центарот за развој на Источен плански регион, а 221.034,82 евра за Народното Читалиште.

Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ ги изведува економскиот оператор БВ Инженеринг ДОО Битола, а вредноста на градежните работи е во износ од околу 89.300 евра.

 

Црквата „Св. Власие“ се наоѓа на археолошкиот локалитет „Исар“ и е откриена со археолошки истражувања од страна на стручен тим од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип во 2010 година.

Градежните активности предвидуваат конзервација и реставрација на сите ѕидни платна со камен и опус со надѕидување до максимум 1,5 метри од ниво на теренот. Апсидалниот дел од надворешната страна како и периметралните ѕидови на црквата ќе се реставрираат со обработен камен песочник. Постојниот влез ќе се назначи на западниот ѕид, а во внатрешноста на објектот ќе се реставрира северозападниот столбец во висина од 0,7 метри од нивото на подот. Подот ќе се реставрира по целата негова површина со камени плочи, со пад од исток кон запад поради истекување на атмосферската вода од влезот на црквата.

Доградениот прилепен дел на јужниот ѕид ќе се конзервира и реставрира во помала висина за околу 40см од ѕидот на црквата.

Вториот дел од проектот претставува изградба на пристапна патека кон црквата од западната страна, во должина од 146 метри која што целосно ќе биде изработена од камен.

Третиот дел на проектот опфаќа осветлување на пристапната патека и на црквата „Св. Власие“ со украсни канделабри.

Целиот проект ќе се заокружи со набавка и поставување на 10 клупи и 2 дрвени патокази.

Изведувачот БВ Инженеринг ДОО Битола реставрацијата и конзервацијата на црквата „Св. Власие“ се очекува да ja заврши за 14 месеци.