Language switcher

Social

 

Промотивна тура на Центарот по Општините во рамките на Регионот - Дел од програмските активности на Центарот за развој на Источниот плански регион во текот на месец мај претставува промотивната тура која вработените на Центарот планираат да ја реализираат по Општините во рамките на Регионот...

Дел од програмските активности на Центарот за развој на Источниот плански регион во текот на месец мај претставува промотивната тура која вработените на Центарот планираат да ја реализираат по Општините во рамките на Регионот.Целта на истата е запознавање и воспоставување на првични контакти со стеикхолдерите во Регионот (претставници на приватниот, јавниот сектор, Невладините организации и сл), потенцијални партнери во имплементацијата на проекти. На истата ќе бидат презентирани Програмските документи кои ја уредуваат работата на Центарот. Имајќи ја во предвид важноста и комплексноста на регионалниот развој, во кој се испреплетуваат економскиот, демографскиот, социјалниот, просторниот, културниот и многу други аспекти на развојот, се очекува настанот да наиде на широк прием кај јавноста.