На 23.06.2014 година во Штип се одржаа Македонско Бугарските Експо Денови. Целта на Бизнис форумот е да дојде до зголемување на економската размена и интензивирање на меѓуграничната соработка помеѓу компаниите и институциите од двете држави.
На оваа средба учеството зеде Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии Г-дин Зоран Ставрески и Заменик Претседател на Влада на Република Бугарија задолжен за Економски Развој Г-ѓа Даниела Бобева.
Покарај замениците претседатели на двете држави учество зедоа и дваесетина градоначалници од Источниот плански регион и од другите региони од Република Македонија и градоначалници од пограничните општини од Република Бугарија како и повеќе од педесетина компании од двете држави на кои им беа презентирани потенцијали и условите за кредитирање од страна на двете државни Банки за Развој.
На платото пред Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип - Ново Село, компании од Р. Македонија и Р. Бугарија поставија Експо штандови со свои производи. Овa претставуваше одлична можност деловните партнери од двете држави да остварат и непосредни бизнис контакти.
Организатори на овие денови се Македонско Бугарската Стопанска Комора, Бугарската Трговска Промишлена Палата како и Советот за Развој на Источниот Плански Регион.
http://arhiva.eastregion.mk/118-mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/697-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8#sigProGalleria143fdcea8c