Language switcher

Social

 

Одржана завршна прес конференција на Проектот Креатива

На 14.12.2015  година во хотел Неврокоп во Гоце Делчев -  Република Бугарија се одржа завршна прес конференција на Проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“. На прес конференцијата учество зедоа, членовите на проектниот тим,  новинари, претставници од општините Гоце Делчев и Штип, претставници од народното читалиште како и останати заинтересирани граѓани.

На Прес конференцијата свое обраќање дадоа градоначалниците на општина Гоце Делчев и Штип како и раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион. Постигнатите проектни резултати преку кратка презентација ги претстави заменикот тим лидер.

На крајот на прес конференцијата од страна на новинарите беа поставени прашања во врска со проектот.