Language switcher

Social

 

Инфо сесија за Четврт јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот Кофинансирани грантови за стартап и спин-оф

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираа инфо сесија за четвртиот повик за инструментите: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф  и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Настанот се оддржа на 14-ти март, 2017 година, во салата на општина  Штип со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик.

 

Теми на настанот беа:

  • Кратка презентација на Фондот и правила и процедури за финансирање на инструментот (Фондот за иновации и технолошки развој);
  • Подготовка на предлог проекти, информации за софтвер и презентација на апликацискиот пакет (Фондот за иновации и технолошки развој);
  •  Презентација на кредитни продукти, кредитно осигурување и факторинг на Македонска банка за поддршка на развој.

По завршувањето на излагањата, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и општините со претставниците од Фондот за иновации и технолошки развој и Македонска банка за поддршка на развој.

Линк до објавениот повик (кликни тука)