Language switcher

Social

 

Четврт Координативен состанок на Министерството за локална самоуправа, Центрите за развој на планските региони и УНДП

Центрите за развој на планските региони земаа учество на четвртиот Координативен состанок на Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), оддржан на 06-ти април 2017 година (четврток) во големата конференциска сала во канцеларијата на УНДП во Скопје.

Целта на состанокот е презентација на активностите предвидени во рамките на проектот во 2017 година. Состанокот е дел од редовните активности на проектот „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво“.

Теми на настанот беа:

-Реализација на тековните активности од договорите со планските региони;
- Презентација на проектните активности во 2017 година;
- Дискусија по заеднички прашања и активности;
- Следни чекори / Потпишување на анекс на договорите за соработка.