Language switcher

Social

 

Јавна презентација на Каталог на реализирани проекти

Согласно Договорот за соработка во 2017 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Источниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Источниот плански регион, Центарот за развој на на Источниот плански регион изработи Каталог на реализирани проекти за период од 2008-2016 година.

За таа цел на 03.10.2017 година (вторник) во хотел Изгрев во Штип се одржа Јавна презентација на Каталогот на реализирани проекти.

Каталог има за цел сублимирано да ги прикаже реализираните проекти на Центарот за развој на Источен плански регион за периодот 2008-2016 година.

Во Каталогот се опфатени 30 регионални проекти реализирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион во партнерство со општините од регионот, а финансирани во рамки на  Програмата за рамномерен регионален развој .

Вкупната вредност на сите проекти изнесува 86.357.926,00 денари, од кои 6.342.344,00 денари се средства како кофинансирање на општините - партнери во проектите.

На следниот линк можете да го погледнете каталогот. преземи каталог.
Можете да го прегледате и во продолжение.