Language switcher

Social

 

Потпишан договор за реализација на проект „Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци“

На 13 ноември 2019 година во просториите на Општина Карбинци се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје за реализација на проектот „Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци“.

Договорот за реализацијата на проектот во Општина Карбинци го потпишаа раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, градоначалникот на општина Карбинци и управителот на Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје.

Проектот е во вредност од околу 15 милиони денари и ќе се реализира со финансиски средства обезбедени преку Програмата за финансиска поддршка за руралниот развој за 2018 година на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и со дополнително кофинансирање од страна на општина Карбинци.

Со реализацијата на проектот ќе се инвестира во локалната патна инфраструктура со што ќе се подобри квалитетот на живот на населението во рурални средини.

Крајниот рок за реализација на проектот е заклучно со месец јуни 2020 година.