Language switcher

Social

 

Одржана Петта седница на Совет за развој на Источен плански регион

На ден 25.04.2018 година се одржа Петтата Седница на Советот за развој на Источен плански регион во Општина Пробиштип.

На Седницата беше донесена одлука за давање согласност за отпочнување на процедура за прогласување на заштитени подрачја Осоговски Планини и Ченгино Кале во Источниот плански регион. На донесувањето на оваа одлука претходеше кратка презентација од страна на претставници од Македонското еколошко друштво, кои ги потенцираа најважните придобивки на ваквите подрачјата, како и за чекорите кои што следат понатаму во процесот на прогласување на заштитено подрачје.

Советот на Источниот плански регион даде целосна поддршка на Центарот да аплицира за проекти преку Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, на која ќе се разработуваат проекти од областа на туризмот со партнерите од Општина Белица и Општина Гоце Делчев.

На Седницата се дискутираше и за обврските кои што ги имаат општините кон Центарот за развој на Источен плански регион по основ на реализацијата на проекти и за динамиката на плаќање во идниот период.

Градоначалниците дискутираа и менуваа мислење околу тековните проблеми со кои што се соочуваат секојдневно при управувањето со општините, притоа едногласно согласувајќи се дека во иднина треба да се третираат регионално одредени ситуации кои што ги засегаат сите граѓани од овој регион.

На седницата беа присутни претставници од Македонското еколошко друштво, Националниот координатор на Програмата за зачувување на природата во Македонија, како и претставници од Инпума.