На 25 септември 2018 година во с. Негрево, општина Пехчево беше свечено отворен Едукативниот центар за зачувување на природата.
Едукативниот центар има за цел да им овозможи на учениците, студентите, и на другите посетители да се запознаат со природните вредности во брегалничкиот регион, како и да го поддржи едукативниот процес за зачувување на природата на сите нивоа од образованието во регионот и пошироко.
Едукативниот центар за зачувување на природата се реализираше преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка и Швајцарската Конфедерација.
На настанот присуствуваа и Амбасадорот на Швајцарија н.е. г-ѓа Сибил Сутер Техада, министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Јани Макрадули и заменик министерот за образование и наука г-дин Петар Атанасов.
