Презентација на проектот за „Подобрување на општинските услуги”
На 15-ти септември, 2016 година, во организација на Центарот за развој на Ценатрот за развој на Источен плански регион а со поддршка од страна на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во „Еуро Хотел Градче“ - Брана Градче, Општина Кочани, се одржа информативен настан за “Вториот Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната Банка за обнова и развој (Светска банка)”.
На настанот покрај градоначалниците од регионот, одговорните лица од јавните комунални претпријатија и општинитеприсуствуваше и Министерот за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези.
Претставниците на Светска банка ги презентираа условите за поволно кредитирање на општините за реализација на инфраструктурни проекти наменети за подобрување на комуналните услуги во општините.
Македонската делегација од градоначалници и раководители на Центрите за развој од Источниот и Југоисточниот плански регион, предводена од министерката за локална самоуправа Ширет Елези, од 05.09.2016 (понеделник) до 09.09.2016 (петок) престојуваaво посета на општини и регионални развојни агенции во Австрија, Словенија и Хрватска.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го посети мултимедијалниот центар „Креатива“ и неколку спортски објекти во Штип каде што за три години се изградени 16 спортски објекти и остварисредби со жителите на општина Штип.