Информација за медиуми
Во перидот од 21 до 25 октомври, во градот Ерзурум, Турција, се одржа средба за евалуација на мрежата СЕЕНОРДА / SEENORDA, во рамките на програмата Млади во Акција. СЕЕНОРДА (south east European network of regional development agencies) е мрежа на агенции кои се занимаваат со регионален развој, а доаѓаат од регионот на југоисточна Европа (ЈИЕ), и тоа од следниве држави: Македонија, Турција, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска (во наредниот период се очекува приклучување на агенции од Србија, Романија, Молдавија и Грција).

На 19.12.2012 година се одбележа Денот на градот „19 декември-Свети Никола“ , Патронот и воедно заштитник на градот Штип, како и „Промотивен ден на Источниот плански регион“.



На 17-ти Јануари во просториите на Центарот за развој на Источниот плански регион се одржа вториот координативен состанок во врска со проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“, кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион, како водечки партнер од Р. Македонија и општина Гоце Делчев, како партнерска институција од Р. Бугарија, а е дел од Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија – Р. Бугарија, бр.2007CB16IPO007-2009-1. Проектот започна со имплементација од 20.05.2011 година. Истиот овозможува размена на искуства и комуникација помеѓу институциите од двете страни на границата и заедничко користење на расположливите капацитети за третман на децата со физички хендикеп. Веб порталот и Студијата, ќе ги анализираат и мапираат потенцијалите и можностите на институциите од различен карактер кои работат на рехабилитација на деца со пречки во физичкиот развој, ќе се создаде заеднички информативен систем.
Центарот за развој на Источен плански регион – Штип, во рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од страна на Европската унија, IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007, и истиот се импелментира на територија на Источниот плански регион во Р. Македонија и Областа Благоевград од Р.Бугарија од 17-18 Јануари, 2012 година, во хотел “Центро бизнис”, Виница одржа:
Центарот за Развој на Источен Плански Регион