Потпишан Договор за заедничка реализација на проект „Геопарк Лесново“

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со спроведување на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој веќе 6-та година се спроведува во Источниот плански регион.

На 22 октомври 2018 година во просториите на општина Пробиштип се потпиша Договор за спроведување на инцијативата за номинација на Геопарк Лесново за член на Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

Повеќе...

Оддржана завршна прес конференција за проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” во Благоевград, Р. Бугарија

На 15 октомври 2018 година (понеделник), Регионалната Админинстрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион оддржаа завршна прес конференција за промоција на резултатите на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.

Повеќе...

Информативен настан за објавен ЈАВЕН ПОВИК БР. ВТОР МСИП 02/2018, за доставување на барања за користење на средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги

Министерството за финансии заедно со Центарот за развој на Источен плански регион на ден 08-ми Октомври, 2018 година (понеделник) во општина Штип организираа Информативен настан за објавениот Јавен повик бр. втор МСИП 02/2018, за доставување на барања за користење на средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги.

Повеќе...