Language switcher

Social

 

Потпишан Договор за заедничка реализација на проект „Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“

На 29 јули 2019 година во просториите на Општина Пробиштип раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион и градоначалникот на општина Пробиштип потпишаа Договор за заедничка реализација на проектот „Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“.

Проектот е во вредност од над 12 милиони денари и ќе се реализира со финансиски средства обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година во висина од над 7.600.000 денари, како и со дополнително кофинансирање од страна на Општина Пробиштип со средства од приближно 5.000.000 денари.

Со реализацијата на проектот ќе се изгради минералошка збирка на 160 м2 во која ќе бидат поставени сите експонати во делот на минералите, поточно она по што е позната општина Пробиштип.

Во тек е постапката за јавна набавка на економски оператор, а крајниот рок за реализација на проектот е заклучно до месец мај 2020 година.