Language switcher

Social

 

Оддржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

На 22 ноември 2019 година во Штип се одржа иницијалниот состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источниот плански регион како туристичка дестинација.

На состанокот беа присутни апликантите кои беа селектирани како подобни согласно критериумите за аплицирање, како и менторите кои што ќе ги водат апликантите низ процесот на изработка на бизнис плановите.

Во текот на идниот период апликантите ќе поминат обука за изработка на бизнис план и главните предизвици при водење на бизнис, при што во финалната фаза на евалуација ќе бидат склучени договори за имплементација на концепт-идеите со апликантите чиишто бизнис планови ќе се покажат како одржливи и изводливи.

Главната цел на оваа активност е да ја зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизниси во насока на развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегија за развој на туризмот во Источниот плански регион со акционен план (2016-2025).