Language switcher

Social

 

alt
 
Од 21 до 23 јуни 2009 година, во хотел „Инекс Горица-Охрид, се одржа обука за невработените жени и млади на тема „Што е бизнис план и како да се направи?.
 Обуката се состои од три модули:

1.  Модул: Што е бизнис план и како да се направи?
2. Модул: Финализирање на драфт верзиите на бизнис плановите за започнување на сопствен бизнис
3.  Модул: Финансиски менаџмент ( можни извори за добивање на финансиски средства за реализација на бизнис идејата)
 
Останатите две обуки за невработените жени и млади од Источниот, alt
Југоисточниот, Полошкиот и Југозападниот плански регион, ќе се одржат до крајот на месец август.
На обуката учествуваа 20 жени од сите четири региони. Од Источниот плански регион учество зедоа 6 жени.
Преку презентирање на структурата на бизнис план, од идеја до имплементација која ќе биде предмет на  разработка на наредните обуки, целта е да се помогне на невработените жени како ранлива категорија на население, да започнат сопствен бизнис и обезбедат самовработување.