Language switcher

Social

 

На 18-ти Март, 2014 година, во хотел “Неврокоп”, општина Гоце Делчев, Р. Бугарија, се одржа првата Прес-конференција за проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион - CREATIVA“.

Цел на оваа Прес-конференција беше информирање на јавноста и целните групи со проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион“ и активностите кои ќе бидат превземени како дел од иститот како и резултатите кои ќе бидат остварени.

 

Координаторот на проектот за бугарската страна, Г-дин Иван Ботушев, ги претстави целите и активностите на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-CREATIVA“.

На прес-конференцијата присуствуваа голем број претставници од локалните медиуми од Р. Бугарија, претставници од општинските организации и институции од општина Гоце Делчев, како и претставници од невладиниот и приватниот сектор.

Задоволството од реализацијата на овој проект беше очигледно кај сите присутни помеѓу кои имаше и дванаесет учесници од Источниот плански регион.

За време на оваа почетна прес-конференција од страна на присутните гости, пред кои беше претставен проектот, беше изразена огромна благодарност до Центарот за развој на Источен плански регион и општина Гоце Делчев за напорите кои ги дава се со цел да се помогне на кретивните поединци, интелектуалци и мали и средни претријатија, кои делуваат во делот на кретаивна индустрија во двата прекугранични региони.  

На официјалниот почеток на првата прес-конференција за проектот CREATIVA му престоеше и официјален прием кај Градоначалникот на општина Гоце Делчев, Г-дин Владимир Москов на кој присуствуваа Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева и Градоначалникот на општина Штип, Г-дин Илчо Захариев.