Language switcher

Social

 

altПо објавениот оглас за доделување на договор за јавна набавка за изработка на „Студија за искористување на потенцијалите на биомасата за производство на енергија во Источниот плански регион“ се јавија повеќе консултантски куќи. По спроведената постапка Комисијата за најповолна ја избра понудата на „ЕМС Темос“ од Скопје.

Како резултат на тоа на 11.01.2010 година во Штип, раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион Г-ѓа Драгица Здравева и управителот на „ЕМС Темос“, Г-дин Слободан Чуковски го потпишаа Договорот altза изработка на гореспоменатата Студија.
Со изработката на оваа Студија ќе бидат дефинирани потенцијалните количини на биомаса која би можела да се користи за производство на различни видови енергија и ќе се добие преглед на постојната состојба во регионот во оваа област. Студијата ќе даде преглед на сите можни технологии за искористување на биомасата за производство на различни видови енергија со препорака кој  е најадекватна за регионот. Истата треба да ги дефинира најпогодните локации за изградба на производствени капацитети според вид и економска исплатливост.