Language switcher

Social

 

 

altНа 24. 07. 2009 година Центарот за развој на Источен плански регион претставуван од Раководителот Драгица Здравева и Центарот за одржлив развој АЛКА претставуван од директорот Џипунов Жарко потпишаа Меморандум за соработка.
Заедничката соработка е во насока на градење на капацитетите за локално и регионално партнерство, мобилизација на потенцијалите и развивање одржливи стратегии за решавање на проблемите. Страните потписнички се согласни меѓусебно да соработуваат во процесот на имплементација на активностите за одржлив регионален развој кои се одвиваат на територијата на Источниот плански регион.


На 27.07.2009 година Центарот за развој на Источен плански регион претставуван од Раководителот Драгица Здравева altпотпиша Меморандум за разбирање и прекугранична соработка со Бизнис Информативниот и Консултански Центар – Сандански, Република Бугарија. Овој Меморандум има за цел промовирање на добрососедските односи, зајакнување на стабилноста, сигурноста и напредокот од заеднички интерес за двете страни, како и стимулирање на нивниот хармоничен, балансиран и одржлив развој.
За Европската Унија од значаен интерес е стабилноста доброто управување и економскиот развој во пограничните региони. Во исто време, партнерите на Европската Унија од Западен Балкан (вклучувајќи ја и Република Македонија) се стремат да ги зајакнат односите со земјите членки на ЕУ.
Партнерите ќе дејствуваат од двете страни на границата, врз основа на заеднички интерес и корист.