Language switcher

Social

 

Промоција на проектот„Еко патека за поврзување на Лесново, општина Пробиштип со Пантелеј, општина Кочани“

alt

На 23.12.2010 година Центарот за развој на Источниот плански регион и партнерите во проектот: Општина Пробиштип и Општина Кочани во Злетово на локалитетот Подпешки ја промовираа реализацијата на Проектот „Еко патека за поврзување на Лесново, општина Пробиштип со Пантелеј, општина Кочани“.

 Овој Проект е прв од 9 (девет) проекти со Регионален карактер финансиран од Средствата од Програмата за Рамномерен регионален развој од страна на  Бирото за регионален развој а преку Центарот за развој на Источниот плански регион
Реализацијата на еден ваков проект кој ги мобилизира и поврзува заедничките интереси на општините во altрегионот е во насока на остварување на крајната цел согласно Националната Стратегија за рамномерен регионален развој на РМ и Програмата за развој на Источниот (Брегалнички) плански регион а тоа е: „Рамномерен Развој помегу регионите но и внатре во самиот регион“.
Проектот во свечена го пуштија Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Ратко Димитровски и Градоначалникот на општина Пробиштип Г-дин Тони Тоневски и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион Г-ѓа Драгица Здравева.