Language switcher

Social

 

altВо организација на Центарот за развој на Источен плански регион и Бирото за регионален развој на 16.02.2010 година во големата сала на општина Штип се одржа работен состанок на тема: „Апликациски формулари за предлог проекти и добри примери од претходниот Повик“. На состанокот беа поканети и присуствуваа покрај Центрите за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион и претставници од ЛЕР канцелариите на општините во состав на планските региони и претставници од ГТЗ РЕД програмата.
На состанокот воведен збор даде раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион Г-га Драгица Здравева која го истакна значењето на овој состанок и соработката со БРР како на Центрите така и на самите општини.
Потоа г-дин Киро Левески раководител на секторот Проекти во БРР зборуваше за претстојниот повик кој треба да биде објавен во текот на овој месец, кои се условите за аплицирање, која е потребната документација која треба да се достави заедно со апликациите. Тој исто така направи и ретроспектива на минатиот повик околу тоа: кои биле пропустите, како се оценувале предлог-проектите, покажа добри примери на пополнети апликациони формулари итн.
На состанокот се разви дискусија од страна на присутните, при што беа изнесени доста конструктивни предлози и сугестии како во поглед на апликацискиот формулар и пропратната документација што се поднесува, така и на целокупната постапка за оценка на поднесените проекти.