Language switcher

Social

 

На 21.03.2014 година Проектниот тим на проектот PPP4Broadbend реализираше работна средби со Градоначалникот на општина Македонска Каменица г-дин Дарко Митевски. Проектот PPP4Broadbend е финансиран од транснационалната програма за Југоисточна Европа, каде Центарот за развој на Источен плански регион и Центарот за Знаење од Р. Македонија  се јавуваат како партнери помеѓу останатите 10 партнерски институции/организации ширум Југоисточна Европа. 

 

Главна цел на проектот е да се олесни и стимулира користењето на широкопојасен интернет во слабо развиените подрачја, односно руралните подрачја во Југоисточна Европа преку модели на јавно-приватно партнерство, со што пак од друга страна би се допринело до економски и социјален развој во овие подрачја. Достапот до интернет ќе овозможи да се одджува информационата мрежа помеѓу медицински установи, институции, да се спроведуваат вонредни студии и обучувања, да се развива електронската трговија и електронски бизнис, да се олесни достапот до административни услуги на граѓаните и многу други бенефити.  Општина Македонска Каменица покрај општина Алба Јулија од Романија и Патра од Грција е влезена во проектот како тест регион. Целта на работната посета со Градоначалникот е да се запознае со напредокот на проектот, тековните активности и одредување на временска рамка за активностите што ќе следат, а се поврзани со распишување на јавна набавка за поставување на мрежа за широкопијасен интернет преку модел на ЈПП.