Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со GTZ RED и YES incubator на 28 мај 2009, Штип одржа работилница на тема “Можни инструменти за поддршка на вработување на млади луѓе и жени во Република Македонија на локално и регионално ниво“. На работилницата задоа активно учество 35 учесници од Невладиниот сектор, Агенциите за вработување, Фондации за миокрокредитирање и останати партиципиенти од Источниот плански регион.
Ваквата работилница е резултат на претходно направените анализи и согледувања од теренот, со кои е утврдено дека за жените и младите во регионот има многу малку место во Програмите и Стратегиите за Локален економски развој. Истите се идентификувани како ранливи категории на население, на кои и е потребна помош и поддршка при вработувањето.
-
Специфичните потреби за поддршка на вработувањето на младите и жените на локално и регионално ниво во Република Македонија; и
-
Можни инструменти за поддршка на вработувањето на младите и жените на локално и регионално ниво.